Украина ќе прескокне еден чекор на патот кон НАТО
Заобиколувањето на МАП е еден од трите елементи во предложената повеќегодишна програма за Украина, според шефот на НАТО. Другите се приближување на земјата до воената организација преку обезбедување „целосна интероперабилност меѓу украинските сили и силите на НАТО“, што значи дека Киев претежно ќе користи оружје од западно производство.
Киев ќе биде и политички поврзан со НАТО преку нов совет Украина-НАТО, чијшто инаугуративен состанок ќе се одржи в среда. На настанот ќе присуствува и украинскиот претседател Владимир Зеленски, изјави Столтенберг.
САД и Германија им се спротивставија на Полска и балтичките земји, кои се залагаа за прифаќање на апликацијата на Киев. Американскиот претседател Џо Бајден изјави за Си-ен-ен минатата недела дека Украина не е подготвена да се приклучи во НАТО.
„Мислам дека треба да поплочиме рационален пат за Украина да може да се квалификува з