Учениците ќе мерат загаденост во рамки на GLOBE мрежата


Учениците водени од своите наставници ќе можат да учат за состојбите во животната средина, преку мерење и следење на еколошките параметри, нивна анализа и споредување со мерењата од другите училишта од GLOBE мрежата.

За таа цел беа спроведени обуки и донирана техничка опрема која се состои од метеоролошки куќички, барометри и термометри, ПХ мерачи и хемиски реагенси. 

ОУ „Мирче Ацев“ во Скопје е едно од 27-те основни и средни училишта од државата што добија соодветна техничка опрема и се стекнаа со практична обука и вештини за испитувањa и мерење на квалитетот на атмосферскиот воздух, водите и почвата.

Во специфични услови на Ковид-19 пандемијата, МЖСПП и МОН, со финансисика поддршка на Амбасадата на САД преку организацијата Еко-свест, по повод 22 април, Денот на планетата Земја, организираа GLOBE онлајн обука за професорите од Северна Македонија, Хрватска, Словенија и Црна Гора, која не само што ги обнови напорите за продолжување на имплементација на Програмата и нејзино регионално проширување во специфични услови, туку им овозможи на нововклучените професори да се обучат за спроведување на активностите од програмата, а професорите што веќе имаа искуство да се запознаат за новите протоколи за нејзино успешно имплементирање.  

Еко-свест, во партнерски однос со МЖСПП и МОН во изминатите шест месеци помогна 27 основни и средни училишта од државата да добијат соодветна техничка опрема финансирана од Амбасадата на САД  дел од училиштата да се оспособат за вршење на испитувањa, набљудувања и мерења пет главни области на истражување: атмосфера, биосфера, хидросфера, педосфера и Земјата како систем.

За да се доближи материјалот по природни науки и да биде интересен и полесно разбирлив за учениците,  МОН инвестираше во 260, целосно нови кабинети по природни науки, бидејќи тие најдобро се изучуваат преку експериментирање и истражување. ОУ„Мирче Ацев“ е едно од тие училишта.

Посебноста на Програмата GLOBE е што секое од вклучените училишта добива свои координати со кои се впишува како мерно место во светската мапа на GLOBE училишта, во која  досега се вклучени повеќе од 120 земји со над 37 000  училиштаобучени околу 40 000 GLOBE тренери и околу 183 милиони внесени податоциОд таа причина оваа програма има бенефит за учениците, за професорите и научниците.

 Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, придружувана од министерот за животна средина Насер Нуредини, министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски и директорката на организацијата Еко-свест Ана Чоловиќ Лешоска, денеска го посетија основното училиште „Мирче Ацев“ во Скопје, при што им беше презентирана имплементацијата на GLOBE програмата во училиштето и примената на донираната опрема.

Програмата ГЛОБЕ  е на НАСА (американска Национална агенција за атмосфера и вселенска асоцијација), а партнери за спроведување се Националната агенција за океани и атмосфера (НОАА), американската Национална фондација за наука и американскиот Стејт департмент.