Убави жени на писта и во публика на гала-отварањето на 2. Скопски моден фестивал во Сити мол (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Гала отворањето на втората сезона на Скопскиот моден фестивал насиниот килим во Сити Мол, синоќа, беше празник за очи и во знакот на жените – иновативни дизајни на три автентични ревии на познати и млади дизајнери, убави (нови) манекенки со фризури, шминка и модни додатоци до совршенство, убава и градска публика дотерана како за писта, љубезни домаќини и соодветно освежување на (долгите) паузи. 

Фото: Б. Грданоски

Под мотото „Ти можеш, ти си силна“, познатата дизајнерка Маја Кикириткова, чиј потпис е на брендот „Eleazar“, на многубројната публика ѝ претстави уникатни креации скроени за самоуверени жени. Елегантната црна, златната и сивата боја обликуваа сериозен крој каков што ѝ доликува на една вистинска дама.

Фото: Б. Грданоски

-Инспирацијата лежи во жената во својата најдлабока форма, жена која навидум изгледа како санта мраз, но со еден допир станува мека, нежна, вели дизајнерката за новата колекција.

Фото: Б. Грданоски

Следуваше ревиското деби во земјата на косовскиот дизјанер Етник Шала, кој се претстави со авангардна ревија на својата најнова колекција „Гоблен“ – видно забележлив во деталите на фустаните.

Фото: Б. Грданоски

-Секогаш се обидувам да создавам снетиментални креации врзани со моето детство и местото од каде потекнувам. Секое парче е всушност уметничко дело направено преку механички слики извезени во бројки и бои, истакнува Шала.

Фото: Б. Грданоски

Крајот на првата вечер беше посветен на идната генерација македонски дизјанери, студентите на Академијата на моден дизајн при Школата за дизајн, уметност и технологија – „Скала” (поранешно „Џолев и уметностите”) кои на оригинален моден начин ги претставија своите креации на ревијата.

Фото: Б. Грданоски

-Инспирирани од претходните декади, застапеното либерално движење со панкерска нота, петте студентки, Марија Трајковска, Ангела Спасовска, Луна Аврамовска, Милица Димитријевиќ и Ива Ивановска навестија експериментални трендови што не влегуваат во рамките на секојдневната мода. Истовремено, креациите блиски до студентите се блиски до помладите генерации, па во фокусот беа смели комбинации од каро здолниште и блузички од тантела и ракавици.

Фото: Б. Грданоски

Вечерва манифестацијата која трае и викендов, продолжува од 18, 30 со колекциите на дизајнерките Мелани Дигит, Сара Реџиќ, модното ателје Краљевски и најновата линија од Роберт Ивановски.

Третата ревиска вечер, во сабота (12.11),  во 18, 30, ќе ја отвори сценското шоу на брендот HERLINE, со колекција содржана од женствена спортска облека и елегантни костими за капење „Revelation“.

„LIBERTY“, пак, е симболичниот назив на колекцијата со уникатни изгледи на Стефанија Насеска. Следи новата колекција на македонскиот бренд La maison Cece T. Дебитантската ревија на фестивалот ќе ја има со колекцијата именувана „Metamorfosis“.

В недела, на 13 ноември, од 13 часот, Скопскиот моден фестивал ќе се пресели во изложбениот салон, на првиот кат од трговскиот центар Скопје Сити Мол. (Л.С.)

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Славниот манекен Кристијан Георгиев со семејството на гала отворањето/ Фото: Б. Грданоски
Дизајнерката и уметница Лиле Корубин меѓу славните гости
Дамјан Корубин, маркетинг менаџер во „Сити мол“/ Фото: Б. Грданоски