Убавата страна на Скопје со Кики – „Низ град“ секоја сабота на МРТ1


Скопје е мој град, на кој искрено се радувам секој пат кога ќе излезам навечер, дење на кафе со другарките, секогаш кога се враќам од некое патување.  И секој пат сакам да ја видам неговата УБАВА страна, а не полните контејнери, искршените лулашки и клупи. ЈА САКАМ убавата страна на градот. А ретко кој нè прашува нас тинејџерите, што НИЕ сакаме?

Со овие зборови, меѓу другото, денес, на бранч со најблиските, пријателите, медиумите, и личностите од јавниот живот кај нас, тинејџерката Кики Мукаетова , на пошироката јавност позната по улогата на Кики во серијалот „Дајте музика“, како и по учеството на Јуниорскиот Евросонг 2021 , ја најави новата емисија „Низ град“, кој ќе се емитува секоја сабота во 19 часот, на МРТ1, а потоа на каналите на социјалните мрежи.

Со Викторија Лоба

Еве, што кажа уште, денес, Кики, на промоцијата во „Трибека кафе“: 

„Еј кај си? – Низ град!

Вака мене ми почнуваат разговорите со другарките, другарите, родителите. Мене, а верувам и на многу други.

Со Калиопи и Сергеј

Искрен разговор, позитивни модели на идентификација, нова убава музика, нови содржини и нови предизвици кои ќе нè направат да се чувствуваме корисни и вредни за внимание. Накратко, тоа е НИЗ ГРАД СО КИКИ: музика, филм, театар, мода, фитнес, здравје и СÈ што може да значи додадена вредност во нашето секојдневие, раскажано низ позитивни примери кои заслужуваат внимание и простор во медиумите.

Со Дац и сопругата

Емисијата е резултат на цела година истражување и разменување мислења со експерти од разни сфери и личности од јавниот живот во Македонија. (Л.С.)

Со Стојанче Ангелов