(Видео) Уапсен францускиот спајдермен: Пак без јажиња по згради


Ален Робер, познат како „францускиот спајдермен“, денеска, без јажиња, се качи на облакодер во Париз за да помогне да се соберат пари за реновирање на прочуената катедрала „Нотр дам“.
Робер (56), кој повеќе од 100 пати се качил на облакодери ширум светот, овој пат го освои врвот на зграда висока 185 метри, со редовно застанување за да стави креда на рацете, пренесе „Ројтерс“.
кога заврши со качувањето, тој беше уапсен. Набљудувачите на овој необичен потфат со своите паметни телефони го фотографираа „спајдермен“.