„Twitter“ почна да ги отстранува сините ознаки на корисниците кои не плаќаат за таа услуга
Почна чистката на сините ознаки на Твитер, кои биле верифицирани во претходниот режим на компанијата.
Сината ознака на Твитер во главно укажува на тоа дека профилот припаѓа на некој што му плаќа на Маск – еден од најбогатите луѓе на светот – за оваа привилегија.
Бришењето на претходниот систем за верификација на Твитер, кој беше на сила од 2009-та година, би можело да предизвика нова забуна меѓу корисниците и да ја намали довербата во платформата.
Како што најави Маск, на 20-ти април Твитер почна да ја отстранува ознаката од илјадници стари верификациски профили – оние кои компанијата претходно ги сметала за активни, значајни и автентични – освен ако тие корисници не се претплатници на „Twitter Blue“.
Некои од најследените славни личности на Твитер го изгубиле својот статус на постари верифицирани профили меѓи кои се Џастин Бибер, Кејти Пери, Лејди Гага, Ким Кардашиан, Селена Гомез, Бил Гејтс, Џеј Ло, Бијонсе, Опра Винфри …
Трамп ја изгуби верификацијата
Доналд Трамп исто така ја изгуби верификацијата, која Маск му ја врати минатата есен, откако Твитер го банираше поранешниот претседател на САД.
Сепак, некои познати личности меѓу кои се Ријана, Тејлор Свифт, Бритни Спирс, Елен Деџенерис, Мајли Сајрус – сè уште ја имаат сината ознака покрај своето име.
Кошаркарот Леброн Џејмс јавно изјави дека нема да плати за оваа услуга.
Актерот од „Seinfeld“ Џејсон Александер најави дека ќе ја напушти оваа социјална мрежа доколку Трамп му ја одземе сината ознака.