Турски функционер до Нетанјаху: Еден ден ќе те застрелаат и тебе!
Турскиот заменик министер за образование Назиф Јилмаз на Твитер му напиша на Бенјамин Нетанјаху дека „ќе умре“, споделувајќи ја снимката од израелските напади на Газа.
„Еден ден ќе те застрелаат и тебе. Ќе умреш“ – напиша Јилмаз како одговор на видеото објавено од Нетанјаху за израелските воздушни напади врз Газа.
Нетанјаху требаше да ја посети Турција во следните месеци, откако го одложи патувањето во јули затоа што му беше вграден пејсмејкер, објави „Тајмс оф Израел“. Минатиот месец Ердоган се сретна со Нетанјаху во Њујорк на првата позната средба меѓу двајцата лидери.
Turkey’s deputy minister of education to Netanyahu: “You will die.” pic.twitter.com/PIpKedNsC4
— Yaroslav Trofimov (@yarotrof) October 11, 2023
/p>
Односите меѓу Израел и Турција се одмрзнаа минатата година по долгогодишно непријателство меѓу лидерите на двете земји, главно поради поддршката на Турција за Хамас, пишува весникот.
Неименуван висок турски функционер денеска изјави дека неговата земја, која историски имала контакти со Хамас, води преговори за ослободување на цивилите што ги држи палестинската милитантна организација.
– Турција води преговори за цивилите кои ги држи Хамас. По наредба на претседателот РеџепТајип Ердоган, во тој процес се ангажирани соодветните институции – изјави неименуваниот турски функционер, без да даде повеќе детали.
Премиерот Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана и лидер на центристичката опозиција, Бени Ганц, се согласија да ги остават настрана разликите и политичкото ривалство. Бени Ганц рече дека е време за војна и им порача на израелските граѓани дека новоформираната влада е обединета и подготвена да го „збрише“ Хамас од лицето на земјата
„Секој член на Хамас е мртов човек“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по првиот состанок на владата за национално единство формирана вчера.