Турција ќе гради сателитски систем вреден 300 милиони долари за НАТО


Турција ќе изгради радарски сателитски систем вреден 300 милиони долари за НАТО, наречен „очите на НАТО во вселената“.

Сателитскиот систем со кодно име „ИМЕЧЕ“ е најавен на Самитот на НАТО во Анкара.

За радарскиот сателитски систем ќе бидат ангажирани турската државната компанија за вселенска технологија „Тубитак узај“ и турската најголема компанија за одбранбена електроника „Аселсан“.

Турскиот сателитски систем ќе поддржува брза комуникација, разузнавање и следење на ракети. Со тоа ќе и се овозможи на Алијансата да постигне поодржливи и сеопфатни капацитети во областите на брза комуникација, собирање разузнавачки информации и следење на ракети.