Тројниот убиец од Ротердам, од претходно познат на полицијата, малтретирал животни


Осомничениот сторител на вчерашните смртоносни напади во Ротердам и претходно и бил познат на полицијата за злоупотреба на животни, а наводно имал и психички проблеми.

Државното правобранителство ја предупредило универзитетската болница во холандскиот пристанишен град за однесувањето на студентот, се вели во писмото што денеска го објавија медиумите.

32-годишниот студент кој во четвртокот уби три лица е уапсен и треба да биде изведен пред суд. Неговиот мотив сѐ уште е нејасен. Според дописот, судството ја известило универзитетската клиника на Универзитетот Еразмус дека човекот ѝ е познат на полицијата и има криминално досие за злоупотреба на животни.

Прво пукал во жената во станот
Во писмото, судството го предупреди универзитетот да не му доделува докторска диплома на студентот. Универзитетот допрва треба да одговори на извештаите. Осомничениот прво пукал во 39-годишна жена во станот, соопшти полицијата.

Нејзината 14-годишна ќерка била тешко повредена, а подоцна починала во болница. Мажот потоа пукал во предавач во универзитетската болница. Убиената жена била соседка на мажот и го пријавила за суровост кон животните, пишуваат медиумите.