Тројца избодени во прифатилиште за бездомници во Вараждин
Утрово околу 10 часот и 10 минути во прифатилиште за бездомници во Вараждин, Хрватска, во просторот на кујната, 37-годишна жена со нож повредила три лица на возраст од 31, 42 и 52 години, нанесувајќи им убодни рани, соопшти Полициската управа.
На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница во Вараждин, а нивните повреди подоцна ќе бидат проценети.
Споменатата жена е приведена во просториите на СВР Вараждин, а на местото на настанот во тек е кривична истрага и увид.