Тркалезна маса „Превенција и следење на корупцијата во судството“


 

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска организира тркалезна маса за Програмата за превенција од корупција во судството.

На тркалезната маса најавено е обраќање на заменик претседателката на Владата за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за правда Никола Тупанчевски, претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска, амбасадорот на Холандија во земјава Дирк Јан Коп и Сервас Феиертаг, раководител на проектот MATRA (Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет).

Програмата со акциски план за првенција и следење на корупцијата во судството ќе ја презентира Мери Радевска, член на Судски совет, а во дебатата ќе учествуваат и Беса Адеми, претседателка на Врховен суд, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, претседателот на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски, Софка Пејовска Дојчиновска, член на Државна комисија за спречување на корупцијата и Џемали Саити, претседател на Здружението на судии.