Триумф на Тејлор Свифт на „Ем-ти-ви“ наградите- освои 9 статуетки
– Ова е неверојатно. Фактот дека за оваа награда гласаат гледачите ми значи многу – изјави таа.
Свифт ја доби и наградата за албум на годината („Midnights“), како и за најдобар уметник, на доделувањето во „Пруденшл центарот“ во Њуарк, Њу Џерси, САД.
Водителка на емисијата беше Ники Минаж, која исто така настапи и победи во категоријата најдобра хип-хоп изведба за хитот „Super Freaky Girl“.
Лил Вејн го отвори шоуто, додека други изведувачи беа Оливија Родриго, Карди Би и Меган Ти Сталион. Се прославија и 50 години хип-хоп со крајната изведба во која беа вклучени Ники Минаж, Ел-ел Кул Џеј, „Ран-Д.М.Ц.“ и „Грендмастер Флеш енд д Фјуриус фајв“ кои ја израпуваа „The Message“.
Раперот Диди ја подигна наградата за „музичка икона“ која му ја врачи неговата ќерка Ченс Комбс и Мери Џеј Блајџ и изведе избор од неговите најголеми хитови.

– Ова се тие 30 години. Му се молам на Бога да го работите она што го сакате цели 30 години – изјави познатиот рапер.
Шакира, исто така, изведе cпој од неколку свои хитови земајќи ја наградата „Видеоавангард“, како прва Латиноамериканка.
– Сакам да ја споделам оваа награда со моите обожаватели кои секогаш ме поддржуваат „низ сито и решето“. Ви благодарам многу што сте мојата „војска“ во сите мои битки – изјави таа, меѓу другото, говорејќи англиски и шпански.
Ајс Спајс беше прогласена за најдобар нов уметник, додека Рема и Селена Гомез победија во категоријата за најдобар афробит со песната „Calm Down“.