Трите сценарија на Шведска
Во Шведска во следните месеци веројатно инфекциите од Ковид-19 ќе земат замав, додека моменталните епидемиолошки мерки мора да се задржат.
Мерките ќе останат, најави Агенцијата за јавно здравје, сѐ додека поголемиот дел од возрасните не се вакцинираат.
Бројот на случаи со корона вирус во Шведска порасна во последните неколку недели и се очекува тој тренд да продолжи со почетокот на школската година, а луѓето ќе се вратат на работа по одморот, пишува Ројтерс.
– Сите нашти три сценарија укажуваат на зголемено ширење на случаите со корона вирус во текот на есента – се наведува во соопштението на Агенцијата за јавно здравје.
Се додава дека се претпоставува дека на повеќето луѓе ќе им треба болничко лекување, но дека тоа ќе биде на пониско ниво од претходните бранови на пандемијата.
Иако во текот на елтото имаше помалку инфекции, брзото ширење на високо заразната делта доведе до тоа властите во Шведска да ги повикаат граѓаните на внимателно однесување, посебно поради студеното време кое доаѓа и ги тера луѓето да престојуваат во затворено.
Исто така во соопштението од Агенцијата се вели дека во моментот ограничувањата и препораките главно се однесуваат на друштвени настани, изолација доколку некоје заразен и рбота од дома, ако е можно, и дека тие треба да се задржат сѐ додека повеќето од возранста популација не биде вакцинирана.
Кога стапката на вакцинација ќе биде доволно висока за здравството да не се најде под притисок, Агенцијата за јавно здравје смета дека разумно ќе биде да се укинат повеќето од мерките против корона вирусот.
Околу 65 отсто од шведската возрасна популација во потполност е вакцинирана.