Трик на искусните домаќинки! Брашното ќе трае до две години ако го направите ова
Брашното е намирница без која ниедно домаќинство не може да функционира. И во најтешките кризни времиња, на семејствата им беше важно само брашно, се друго ќе се менаџира.
Токму затоа многу домаќинства имаат залихи на брашно. Но, сепак е важно да знаете како правилно да го чувате.
Иако обично го чуваме во оставата во кујната, белото пченично брашно по купувањето треба да се стави во замрзнувач 48 часа за да се уништат сите можни јајца од штетници во него.
После тоа, брашното треба да се стави во чиста, сува и херметички затворена кутија на темно и ладно место.
Ако оставите ваква кутија во фрижидер, ќе и го продолжите рокот на траење до две години. Доколку планирате да го искористите брашното во рок од една година од отворањето на пакувањето, можете да го чувате во оставата, чајната кујна.