Триесетина клупи украдени од патеката крај Вардар
Десетици клупи се однесени од патеките крај Вардар, со што му е нанесена огромна штета на Градот и на граѓаните на Скопје, а за тоа претседателот на Советот на Град Скопје, побарал информација од градоначалничката која не ја добил.
Денешната седница на Советот почна токму со оваа информација, а како што појасни Трајко Славески, однесени се клупи од местата каде има пристап со возило до патеките. Тој вели дека од спротива има згради, па претпоставува дека некој може и видел нешто затоа што автомобилите не се бесшумни.
Д-р Никола Пановски во дискусијата рече дека бил и видел дека старите клупи се извадени, односно исечени затоа што тешките железа биле поставени под плочките за да пиде потешко да се отстранат. Но, сепак, тие се исечени и поставни нови клупи со типли и штрафови. Лесно било да се извадат и да се однесат, смета Пановски.
– Не е ова вандализам од типот да се искрши и да се уништи. Тие се користат некаде – рече Пановски, но според енго, ова не е еначин.
Гордан Шутаровски рече дека се чуди од индолентноста на Градот по ова прашање, затоа штп нема одговор од градоначалничката, па не се знае ни колку финансиска штета му е направена на Градот, ниту дали е пријавено во полиција и дали се води некаква истрага.