Трибина за полиграфот и негова примена во јавен и приватен сектор на Факултетот за безбедност


Тркалезна маса со наслов „Полиграфот како средство за детекција на психофизиолошки измами и негова примена во јавен и приватен сектор“, денеска ќе се одржи во салата за состаноци во библиотеката „Јордан Спасески“ при Факултетот за безбедност, со почеток во 10:00 часот.

Трибината е организирана од Факултетот за безбедност – Скопје во соработка со Полиграф центарот.