Три состојки кои го менуваат вкусот на полнетите пиперки
Едноставни трикови со кои полнетите пиперки ќе бидат уште повкусни.
Полнетите пиперки често се наоѓаат на македонската трпеза, а освен фантастичниот вкус на кој ретко кој може да му одолее, тие се и лесни за подготовка, па домаќинките уживаат да ги прават. Потребно е само да се наполнат пиперките со фил, да се прелие со сос од домати и да се динста. Ова е еден од најлесните рецепти за специјалитетите од пиперка.
Но, доколку сакате да го подобрите вкусот на полнетите пиперки, некои искусни домаќинки ги открија тајните. Во ова јадење додаваат некои состојки кои само го подобруваат вкусот, а ние ви ги откриваме тие тајни.
Кои се тајните состојки?
Ако додадете сечкани печурки во филот со месо и ориз, обичното јадење ќе го претворите во вистинско кулинарско ремек дело. А доколку не сте љубители на печурките, во филот додајте сечкана сланина. На секое јадење му дава посебен шмек. Исто така, кога ќе ги наполните пиперките, можете да користите сурово јајце наместо компири или домати. Но, една забелешка ако користите јајце. Потоа задолжително испечете ги пиперките во рерна, а не ги варете на шпорет.