Три деца и нивниот татко (37) пронајдени мртви во стан во Германија


Три деца на една, две и три години и еден 37-годишен маж се пронајдени мртви во станбена зграда во источниот германски град Мајсен. Полицијата се сомнева во убиство, пренесува blue News.

Портпаролот на полицијата не верува дека некој друг е вмешан во случајот. Според соопштението, 37-годишниот маж бил татко на децата. Службите за итни случаи ги пронашле телата на децата и еден маж околу 21 часот во неделата навечер. Лекарот од итната помош кој бил повикан можел само да утврди дека мажот починал.

Полицијата го опколи местото каде што се пронајдени телата и почна да собира докази. Во исто време беа извршени и првите сослушувања на локални жители, а деталите за случајот не беа објавени. Мајсен е познат по производството на порцелан, а се наоѓа северозападно од Дрезден на реката Елба и има околу 30.000 жители.