Транспарентни постапки за регуларни вработувања


Вработувањата во институциите и изборот на раководните позиции ќе бидат максимално транспарентни. Како што најавија вчерва премиерот Зоран Заев и министерот Дамјан Манчевски, кандидатите за директори на која било институција пред изборот ќе бидат објавувани на сите релевантни сајтови. Постапката ќе биде целосно отворена, за јавноста да знае дека нема злоупотреби.

На раководна функција ќе може да биде избран и некој политичар, но граѓаните ќе бидат убедени дека тој ги исполнува критериумите и дека навистина е професионален кадар,

Во гостувањето на Отворено студио на МРТ, Заев и Манчевски потенцираа дека транспарентоста е главниот механизам за спречување злоупотреби. Транспарентност ќе има во сите сфери, не само при процеост на вработувањето во институциите. тангирани ќе бидат и судството, јавните набавки,…

Манчевски во контекст на реформите, најави дека е предвидена инвестиција од 30 милиони евра за широкопојасен интернет во руралните средини.