Трамваи во Осиек во новогодишен дух, возење како во бајка
По повод новогодишните и божиќните празници, трамваите во Осиек, Хрватска, се уредени во тој дух, но во нив ќе уживаат и љубителите на Хари Потер.
Имено, Градскиот превоз на патници одлучи да ги израдува најмалите, но и оние постарите, такашто украи два трамваи. Едниот изгледа како зимска бајка, а другиот чиј назив е „Хогвортс експрес“ има мотиви од филмовите на младиот волшебник Хари Потер.
Трамвајот „Ледено кралство“ вози на редовна линија, а „Хогвортс експрес“ во работни денови вози организирани групи деца од градинки и училишта,а можни се и поединечни резервации за магиониќарска претстава во трамвај. За викенд вози на редовна линија.
Ваквата пракса во осиек е востановена во 2011 гдоина, а за време на божиќните празници со овие трамваи се возат повеќе од 15.000 луѓе.
Улиците и плоштадите во Осиек се осветлени од 15. километри лампи. Има поставено е панорамско тркало со височина од 35 метри.
За Нова година настапува „Црвена јабука“ на плоштадот „Анте Старчевиќ“.