Трамп во „Мадам Тисо“ со маска, препорака за посетителите
САД- Со оглед на тоа што претседателот Трамп многу малку ја носеше маската во јавноста, ова е совршена можност гостите да направат уникатно безбедно селфи со Трамп“, изјавија официјалните претставници на Мадам Тисо во соопштението за јавноста.
Трамп прв пат беше забележан сод маска минатиот месец, кога го посети Националниот воено-медицински центар Валтер Рид во Вашингтон, според Асошиејтед Прес.
Восочната верзија на Трамп со маска има за цел да ги потсети посетителите да носат свои маски, бидејќи тие се задолжителни. Како и другите бизниси што ги отвораат своите врати, славниот восочен музеј ќе ги следи препораките на Министерството за здравство, кои вклучуваат и ограничување на бројот на луѓе на 25 проценти од капацитетот и бараат социјално растојание.
По повторното отворање, Мадам Тисо во Њујорк ќе дистрибуира бесплатни билети за хероите од здравството, по еден билет за локален здравствен работник за секој пат кога некој посетител објавува за нив на социјалните медиуми додека тие се таму.
Покрај Трамп, посетителите би можеле да бидат заинтересирани и за снимање на селфи со други светски лидери, вклучувајќи го и поранешниот претседател Барак Обама.