Трамп прави вицови од убивањата: Никој не сакал да биде ајатолах во Иран!


Доналд Трамп (Фото: Анадолија)

Претседателот на САД го исмеа Иран велејќи дека никој не сака да биде врховен лидер на таа земја и дека наводно тоа му било понудено нему.

– Никогаш немало лидер кој не си ја сакал работата помалку од оној во Иран.

Потоа следеше иронична порака, која брзо се прошири.

– Велат: Не го сакам ова. Би сакале вие да бидете следниот врховен лидер. Не, ви благодарам, не сакам – изјави Трамп.

 
 

Иран јавно ги негира преговорите. Во исто време, Трамп тврди дека има напредок и дека е можен договор. Во меѓувреме изарелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди интензивни дводневни напади врз воената инфраструктура на Иран. Според „Њујорк Тајмс“ Нетанјаху се плаши дека Трамп може да склучи примирје и да ја стопира војната со Иран.

Трамп и порано користел сличен стил. Минатата година се пошегува дека би сакал да биде папа. Изјавата дојде по смртта на папата Франциск. Дополнително, беше објавена и слика со вештачка интелигенција. На неа, Трамп беше прикажан како папа, што предизвика критики.