Трамп потврди дека нема да оди на инаугурација на Бајден


 

Доналд Трамо, американскиот претседател во заминување, на Твитер објави дека нема да се појави на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

„За сите оние кои се прашуваа, нема да одам на инаугурацијата на 20 јануари“, напиша Трамп на Твитер.

Никој во САД не очекуваше вообичаено мазна транзиција на власта по победата на Џо Бајден на изборите во 2020 година, поради карактерот на претседателот Доналд Трамп и неговото одбивање да го признае поразот.

Претседателот Трамп нема обврска да присуствува на церемонијата на инаугурација, а според Уставот исто така ги ужива своите претседателски права и овластувања до пладне ан 20 јануари.

Американскиот претседател Доналд Трамп сепак се согласи да ја спроведе транзицијата на власта. На тоа се одлучи откако неговите приврзаници насилно влегоа во Конгресот сакајќи да спречат потврдување на позицијата на Џо Бајден за нов челник на САД.