Трамп наседнал на лагите на Путин, рејтингот на Зеленски е 57 отсто

Според Зеленски САД дале само 67 милијарди долари помош во оружје на Украина, а таа самата потрошила дупло повеќе


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли тврдењата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека само 4% од Украинците му веруваат, наведувајќи дека оваа информација доаѓа од Русија.Иако одби директно да коментира за анкетата, тој укажа на неодамнешното истражување на Меѓународниот институт за социологија во Киев, кое покажа дека 57 отсто од Украинците му веруваат.

„Ако некој сака да ме замени во моментов, тоа нема да се случи“, рече Зеленски.

Тој повтори дека бројката од 4 отсто потекнува од Русија и е разговарано меѓу американски и руски претставници.

„Го разбираме ова и имаме докази дека овие бројки се разговараат меѓу Америка и Русија. За жал, претседателот Трамп – кого многу го почитуваме како лидер на нација на која длабоко и се восхитуваме – живее во простор за дезинформација“, рече Зеленски.

Тој додаде дека рејтингот на довербата не е главното прашање во моментов. Наместо тоа, приоритет на Украина е да се брани од руските напади и да обезбеди враќање на воените заробеници.

„Сè уште немам добиено одговор од САД во врска со моето барање за зголемување на бројот на ракетни системи Патриот, и покрај тоа што постојано го покренував прашањето“, додаде Зеленски.

Зеленски изјави дека мнозинството Украинци не поддржуваат правење отстапки за Русија. Според него, „само 1% од населението поддржува правење на отстапки за Русија“. Тој нагласи дека ситуацијата не може да се реши само преку документи или договори, бидејќи „никој во Украина не му верува на Путин“.Претседателот, исто така, рече дека за време на неговата посета на Украина, Кит Келог треба лично да разговара со луѓето за да го разбере вистинското чувство во земјата.

„За мене е важно тој да шета низ Киев, низ други градови и да разговара со луѓето. Нека праша дали му веруваат на својот претседател, дали му веруваат на Путин, што мислат за изјавите на Трамп“, рече Зеленски. Тој, исто така, откри дека планира да го посети фронтот со Келог за да може директно да разговара со украинските војници.

„Ајде да одиме и тој да ја праша војската: дали се подготвени итно да гласаат сега за да си одат дома, да и дадат сè на Русија и да немаат безбедносни гаранции? Нека разговара со луѓето што живеат и се борат овде“, им рече претседателот на новинарите.

Според Зеленски, главната цел е да му се дозволи на Келог од прва рака да биде сведок на ситуацијата во Украина. „Ако има желба, ќе ја добие“, рече тој.

Тој, исто така, ги истакна воените трошоци на Украина во изминатите три години, наведувајќи дека земјата потрошила 320 милијарди долари за вооружување, а од нив 67 милијарди долари ги обезбедилеа САД.

„Мислам дека треба да ја разбереме помошта. Имаме апсолутни бројки. Војната не чинеше 320 милијарди долари – 120 милијарди долари беа покриени од нас, народот на Украина, а 200 милијарди долари дојдоа од САД и ЕУ“, рече тој.

Зеленски појасни дека тоа се однесува конкретно на воената помош: „Ова е пакет оружје во вредност од 320 милијарди долари. Севкупно, САД одделно ни дадоа околу 67 милијарди долари оружје. Дополнително, добивме уште 31,5 милијарди долари финансиска помош за буџетот“, додаде тој.

Зеленски, исто така, откри дека американскиот договор за ретките метали не вклучува никакви безбедносни гаранции за Украина. Тој рече дека документот нема јасност и дека се уште се доработува.

„Документот не беше јасен. Беше јасно само во едно – ќе треба да дадеме 50 отсто од се што е наведено во документот“, им рече претседателот на новинарите.

Тој додаде дека е подготвен да го објави предложениот нацрт.

„Реков дека документот не е готов“, рече Зеленски.

Според претседателот, договорот не прецизирал безбедносни гаранции за Украина. Тој рече дека за време на неговата средба со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во Минхен, се согласиле дека таквите гаранции треба да бидат вклучени.

„Нема збор за безбедносни гаранции. И на вториот состанок со Венс се договоривме дека треба да има нешто околу тоа, но никој не знае што точно“, рече тој.

Зеленски рече дека тој лично предложил да се додадат специфики на меморандумот.

„Реков дека треба да има нешто позитивно – вие напишете некои гаранции, а ние ќе напишеме некои проценти во меморандумот. Ми кажаа само – 50%. Реков: „Добро, не.“ А, потоа нека продолжат да работат адвокатите. Значи, тие не ја завршија работата“, рече претседателот.

Говорејќи на прес-конференцијата, тој повтори дека Украина бара безбедносни гаранции и има за цел да стави крај на војната оваа година. Сепак, тој истакна дека САД го отфрлаат членството на Украина во НАТО како безбедносна гаранција, а му помогнале на рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на тригодишната изолација на Запад.Тој, исто така, го истакна недостатокот на ракети за воздушна одбрана во Украина.

„Немаме со што да соборуваме проектили. Во 5 часот командантот известува: „Има осум цели, но нема ракети за воздушна одбрана“, рече Зеленски.

Претседателот додаде дека започнал разговори со европските лидери во врска со военото финансирање.

„Верувам дека ќе бидат подготвенида ги финансираат вооружените сили на Украина ако САД не сакаат“, изјави тој.

Дури и известувачот на германски „Билт“ оцени дека тоа што зборува Трамп нема врска со фактите.

„Трамп за менува историјата како што зборува. Ништо од тоа што тврди за Украина , за причината на војната, не е блиску до вистината. Се чини дека цитира факти добиени директно од руската пропагандна машинерија. Со други зборови, тоа што зборува е ѓубре“. (Киев Индепендент)