Трамп го додаде својот роденден како национален празник


 

Влезот во националните паркови повеќе нема да биде бесплатен на Денот на Мартин Лутер Кинг Џуниор и Џунтeнт, но американските посетители ќе можат да влегуваат во парковите без надомест во одредените „патриотски“ денови – вклучувајќи го и роденденот на претседателот Доналд Трамп.

Министерството за внатрешни работи објави ревизија на деновите со бесплатен влез во 2026 година за парковите низ САД. Малку забележаната најава дојде два дена пред Денот на благодарноста минатата недела.

Освен роденденот на Трамп на 14 јуни, листата ги вклучува Денот на сеќавањето, Денот на претседателот на 16 февруари, Денот на уставот на 27 септември, роденденот на претседателот Теодор Рузвелт на 27 октомври и викендот на Четврти јули.

Агенцијата, која ја надгледува Службата за национални паркови, не кажа зошто Денот на Мартин Лутер Кинг и Денот на Џунтeнт, кој го одбележува денот на 19 јуни 1865 година, кога беа ослободени последните преостанати поробени црнци во Галвестон Беј, Тексас се извадени од листата.

Сенаторката Кетрин Кортез Масто, демократка од Невада, чија држава го вклучува Националниот парк „Грејт Бејсин“ и се граничи со други национални паркови, беше меѓу оние што ја критикуваа промената. „Претседателот не само што го додаде својот роденден на листата, туку ги отстрани и двата празника што ја одбележуваат борбата на црните Американци за граѓански права и слобода“, напиша таа во објава на Икс. „Нашата земја заслужува подобро“.

Културните и историските институции низ САД претрпеа големи промени во изминатата година, бидејќи администрацијата се стреми да го ограничи посеопфатното прикажување на историјата на земјата, тврдејќи дека таков „искривен наратив“ ги прикажува „основните принципи и историските пресвртници во негативно светло“.