Трамп е разочаран од Путин, ќе го скрати рокот од 50 дена за завршување на војната во Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го скрати рокот од 50 дена што ѝ го даде на Русија за завршување на војната во Украина, велејќи дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин.

-Разочаран сум од претседателот Путин, рече Трамп пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска. „Ќе ги скратам 50-те дена што му ги дадов“, додаде Трамп, но не прецизираше каков ќе биде новиот рок.

Американскиот претседател, исто така, рече дека лидерите на Руанда и Конго ќе дојдат во Вашингтон откако двете земји потпишаа мировен договор минатиот месец.