„Тотал гитар“: Брајан Меј е најдобриот гитарист


САД – Читателите на списанието „Тотал гитар“ го прогласија Брајан Меј од британскиот бенд „Квин“ за најдобар гитарист во историјата.

– Останав без зборови! Навистина ме изненади ова прво место!, прокоментира Брајан Меј.

На топ-листата од анкетата, Џими Хендрикс е на второто место, а Џими Пејџ – трет.

Меј истакна дека за него, сепак, најдобриот гитарист на сите времиња останува Џими Хендрикс.

– Тој правеше натчовечки нешта! Изгледаше како да е од друга планета и никогаш не разбрав како точно го прави тоа, додаде тој.

Един ван Хален и Ерик Клептон ги заокружуваат најдобрите пет на листата.