Торнадо го опустоши Њу Орлеанс


 

Најмалку едно лице загина кога големо торнадо го погоди американскиот град Њу Орлеанс, најголем град во американската држава Луизијана, јавија американските медиуми.

Уништени се повеќе куќи, а неколку далноводи паднаа при ударот на торнадото, пренесе „Блиц“.

„Имаме пет или шест уурнати куќи. Имаше луше во нив, а засега сите се попишани“, вели локален функционер на округот Сент Бернард, Гај Мекинис, пренесе „Ројтерс“.

 

Засега нема податоци за бројот на повредени.

Поголемиот дел од Луизијана закрепнува од ураганот Ајда, кој оваа сојузна држава ја погоди во август лани, како ураган од четврта категорија, при што разурна рурални заедници јужно од Њу Орлеанс и усмрти повеќе од 100 луѓе на југорт и на Карибите.