Тони Бенет ја откажа турнејата и се пензионира заради Алцхајмер


џез-албум на топ-дуети со Лејди Гага, „Cheek to Cheek.” Двојката беше на турнеја заедно по албумот во 2015 година.

САД– Легендарниот пејач Тони Бенет-кој го прослави својот 95-ти роденден минатата недела, со два настапи во живо со Леди Гага во њујоршката „Рејдио сити“ музичка сала, насловени „За последен пат: Тони Бенет и Леди Гага“ – ја откажа есенската турнеја.

 

Турнејата требаше да започне во септември. Турнејата ги вклучуваше градовите Њујорк, Мериленд и Конектикат, како и Оклахома и Канада. Сопствениците на билети се советуваат да контактираат со местата за информации во врска со наплатата.

Леди Гага и Тони Бенет претходно објавија студиско видео за нивната верзија на класикот на Кол Портер „I Get a Kick Out of You“.

Песната е една од неколкуте кавери на композиторот од Бродвеј што ќе се појави на Love for Sale, цела колекција од песни на Портер во изведба на Гага и Бенет. Дуото го објави албумот претходно оваа недела на 3 август, на 95 -ти роденден на Бенет, и ќе излезе на 1октомври преку Колумбија/Интерскоп. Се снимаше две години. Love for Sale го означува вториот албум од Леди Гага и Тони Бенет по Cheek to Cheek од 2014 година.

Love for Sale исто така, ќе биде последната студиска снимка на Бенет, бидејќи во февруари, семејството на пејачот објави дека тој се бори со Алцхајмерова болест од 2016 година. Музиката, наводно, е главен дел од здравствениот режим на Бенет, и тој продолжил да снима по дијагнозата до пандемијата „Ковид-19“. Бенет и Гага, исто така, започнаа да ја снимаат „Love for Sale“ откако пејачот ја доби својата дијагноза, започна сесии на „Електрик Лејди“ во Њујорк во 2018 година и го заврши албумот во 2020 година.

„Менаџирањето на кариерата на татко ми во последните 40 години беше привилегија и неверојатно патување. Тој никогаш не престанува да ме инспирира со својата страст и посветеност на се што има да понуди животот. Последните четири години не беа исклучок. Тој продолжува да пее за да остане во форма секојдневно. Зборувам во име на целото семејство благодарејќи на неговата прекрасна сопруга Сузан за целата поддршка и љубов што му ја даде. Наша желба е со отворено споделување на неговите предизвици со Алцхајмеровата болест, дека ќе им дадеме надеж на сите што се соочуваат со оваа состојба и ќе помогнеме да се стави крај на табуто околу оваа болест. Сакаме да можеме да помогнеме во подигнување на свеста, да се залагаме за унапредување на нови терапии и наскоро да најдеме лек “, изјави Дени Бенет, син на Тони. (Варајати)