Тој е кандидат за градоначалник на Зелениково, сестра му претседател на изборната комисија


Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Коста Маневски

 

Секакви работи се случуваат на овие локални избори, а и цели семејства да бидат вклучени во процесот. Како во општина Зелениково.

СДСМ денеска објави дека претседателка на Општинската изборна комисија на Зелениково Елена Маневска-Јовановска. Таа е сестра на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Коста Маневски.

„Тоа само по себе претставува класичен судир на интереси и компромитација на интегритетот на изборниот процес. Но, скандалот не застанува тука. Целата фамилија на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ е по избирачките одбори.

Сопругата на Коста Маневски е поставена во избирачки одбор на избирачко место број 2368, а неговата законска баба – мајка на сопругата, е член на избирачки одбор на избирачко место број 2376 во Палиград.

Ова е класичен пример на партиска мрежа, непотизам и системско заземање на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се влијае врз гласањето и резултатите на изборите“, рече Александар Алексовски од СДСМ на прес-конференција.

СДСМ бара од ДИК итна реакција и разрешување на Елена Маневска-Јовановска од местото претседателка на Општинската изборна комисија во Зелениково, а и да се отстранат од избирачките одбори сите роднини кои претствуваат судир на интереси. Потоа, ДИК да спроведе вонредна контрола во сите други општини за да се открие дали вакви злоупотреби постојат и на други места.