Тинејџер ќе патува во вселената со Џеф Безос


Оумнаесетгодишник ќе му се придружи на Џеф Безос на неговото прво патување во вселената што го организира неговата компанија на 20 јули и со тоа ќе стане најмладата личност која патувала во вселената.
Оливер Даемен ќе патува на местото на анонимниот победник на аукцијата, кој плати 28 милиони долари за местото, објави БиБиСи во четвртокот.

Победникот на аукцијата не можеше да патува „поради преполн распоред“, објави компанијата на Безос, Blue Origin.

Тинејџерот е син на Џоес Даемен, извршен директор на Сомерсет Капитал Партнерс.

Даемен обезбеди место на вториот лет, но беше префрлен на првиот лет, по повлекувањето на победникот на аукцијата, објави Blue Origin.

Тогаш Даемен одлучи наместо него да патува неговиот син, кој е студент по физика.

Со него ќе патува и осумдесет и двегодишниот Воли Фанк, кој ќе стане најстарата личност во вселената.

Други патници на ракетата New Shepard се Џеф Безос и неговиот брат Марк.

Blue Origin не откри колку платил Даемен за билетот.

Компанијата планира да ги лансира своите патници на повеќе од 100 км над површината на Земјата, овозможувајќи им да доживеат микрогравитација.

Капсулата потоа ќе се врати на Земјата со помош на падобран, а патувањето треба да трае околу десет минути.