Тина Тарнер и Џеј-Зи меѓу 16-те номинирани за Рокенрол холот на славните за 2021
Повеќе од 1.000 професионалци во музичката индустрија ќе гласаат за тоа кој ќе ја добие честа
САД- Фондацијата на Рокенрол холот на славните ги објави денес 16-те номинирани пејачи и групи за воведување во својата класа во 2021 година.
На списокот се најдоа Mary J. Blige, Kate Bush, Devo, Foo Fighters, The Go-Go’s, Iron Maiden, Jay-Z, Chaka Khan, Carole King, Fela Kuti, LL Cool J, New York Dolls, Rage Against the Machine, Todd Rundgren, Tina Turner and Dionne Warwick.

„Ова извонредно номинирачко ливче ја одразува различноста и длабочината на уметниците и музиката што ја слави Рокенрол холот на славните. Овие номинирани оставија неизбришливо влијание врз звучниот пејзаж на светот и влијаеја на безброј уметници што ги следеа“, изјави претседателот на Фондацијата Џон Сајкс.
Музичар или бенд може да бидат номинирани ако поминале 25 години од нивното прво комерцијално снимање.
Оваа година се појавуваат седум изведувачи за прв пат на гласачкото ливче, вклучувајќи ги Foo Fighters, The Go-Go’s, Iron Maiden, Jay-Z, King (како пејач), Kuti и Warwick.
Керол Кинг е веќе во Холот како текстописец, примен во 1990 година, додека Тарнер е исто така со Ајк Тарнер, кој беше примен во 1991 година. Ако повторно им успее, двете ќе ѝ се приклучат на Стиви Никс како единствена жена двапати примена во Холот на славните.
Слично на тоа, Дејв Грол од Foo Fighters е исто така член, бидејќи тој беше примен со Нирвана во 2014 година.
Повеќе од 1.000 професионалци во музичката индустрија ќе гласаат за тоа кој ќе ја добие честа, додека редовните обожаватели исто така можат да го кажат своето мислење. Отсега до 30 април, луѓето можат да ги дадат своите гласови на rockhall.com или со посета на Рокенрол Холот на славните во Кливленд, со најдобрите пет уметници избрани од јавноста.
Класот од 2021 година ќе биде објавен во мај, а церемонијата на воведување ќе се одржи наесен. (Тудеј)