Тилда Свинтон и Тимоти Шаламе-најстилско дуо на Кроазета


Франција- По една година одлагање на премиерата во Кан,  “The French Dispatch” на Вес Андерсон конечно се појави на фестивалот .

Андерсон и големата екипа пристигнаа на црвениот килим во Кан во автобус. Филмот, елаборатна и фантастична ода на Андерсон за „Њујоркер“, ја има можеби најѕвездената екипа на фестивалот оваа година. На премиерата беа Бил Мареј,Тилда Свинтон, Бенисио Дел Торо, Овен Вилсон и – на неговиот прв црвен килим во Кан – Тимоти Шаламе.

Облечен во сребрен сјајен костум на Том Форд и бели чевли, Шаламе со истенчен вкус на облекување и еден од машките ѕвезди со најдобар стил на облекување- добро познат по неговото одлично познавање на француски јазик – дозволи на фановите да направат селфи и да им потпише автограми. Свинтон, со својот екстравагантен изглед, со потпис на Хајдер Акерман- го врати гламурот во Кан.

Премиерата претстоеше долго. „ The French Dispatch” беше избран за минатогодишниот Кан, кој на крајот беше откажан поради пандемијата. Ќе се појави во кината во октомври.

Сепак, Ковид-19 влијаеше на дебито на филмот. Една ѕвезда, француската актерка Леа Сејду, минатата недела беше позитивна, додека работеше на друг филм. Таа е целосно вакцинирана и асимптоматска, но беше во карантин во Париз и не можеше да присуствува. Филмот, е единствениот филм во конкуренција за Златната палма што нема да одржи прес-конференција тука.

„The French Dispatch” е љубовен портрет на неделно литературно списание сместено во измислениот француски град Енуи-сур-Блазе. Тоа е антологиски филм, структуриран како издание на „Њујоркер“, со три одделни приказни, патничка приказна и некролог. Критичарите ја фалеа искрената почит на филмот за пишувањето на списанието во 20 век и сложената изработка на слики на Андерсон – што во „The French Dispatch” може да биде на ново ниво дури и за него.