Тиктокер го провоцирал Бјелогрлиќ во кафуле во Белград, актерот му го одзел мобилниот од рака


Во едно кафуле во центарот на Белград, се случи инцидент во кој познатиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ му го одзел мобилниот телефон од рака на тиктокерот Александар Шулац, кој го снимаше и го провоцираше.

Шулц, познат како „Лепи“ на ТикТок, му се приближил на Бјелогрлиќ и почна да го испрашува додека го снимаше. На почетокот, актерот одговори учтиво, мислејќи дека е обожавател. Меѓутоа, кога сфати дека станува збор за провокација, Бјелогрлиќ, според видеото што кружи на социјалните мрежи, рече: „Ах, ти си тој“, одеднаш стана и му го исфрли мобилниот телефон од рака. На тоа, тиктокерот му фрли: „Воа, што има?“, продолжувајќи да го снима и велејќи дека е „нервозен“.

Овој инцидент се случува откако Драган Бјелогрлиќ беше осуден на условна казна затвор од шест месеци на 21 ноември 2024 година, со пробен период од две години, за насилно однесување, објавува Blic.rs.

Тој беше осуден за физички напад врз директорот Предраг Антонијевиќ на 23 август 2021 година, во хотелот „Амбасадор“ во Ниш, удирајќи го неколку пати во главата. Бјелогрлиќ го призна делото за време на сослушувањето и изрази жалење.

Кој е Александар Шулц
Александар Шулц, попознат како „Лепи“, е студент на Факултетот за технички науки во Нови Сад. Тој стана познат на социјалните мрежи по видеата во кои ги критикува и ги нарекува студентите и граѓаните кои учествуваат во протестите против владата во Србија. Некои српски медиуми го нарекуваат „провокатор на режимот“.

Неговото име беше споменато и во јавноста претходно овој месец, кога порталот Danas.rs објави за напад врз активисти на листата „Млади Кула“ за време на изборната кампања. Потоа маскирани мажи истуриле боја врз членовите на листата, а еден од нив ја изгубил маската за време на туркањето, по што бил идентификуван како Александар Шулц.