TikTok воведува нови функции, сè повеќе ќе личи на YouTube
TikTok воведува нови функции што го прават сè повеќе како најпопуларната платформа за (подолги) видеа, YouTube.
Се чини дека TikTok сака да ги поттикне корисниците да објавуваат хоризонтални видеа кои се подолги од една минута, според креаторите @candicedchap и @kenlyealtumbiz.
Кинеската социјална мрежа соопшти дека ќе ги „разбие“ овие видеа во рок од 72 часа од нивното објавување. Креаторите кои користат TikTok повеќе од три месеци може да го добијат ова зголемување на видливост, доколку не се работи за реклами или нешто поврзано со политички партии.
Пред само неколку месеци, TikTok ја продолжи дозволената должина на видеата на 15 минути, а сега ја тестираат да трае половина час. Повеќето видеа на YouTube се подолги од 10 минути поради монетизација, додека TikTok е познат по кратки клипови.
Ова не е првпат TikTok да пристапи кон платформата YouTube со одредени одлуки, имајќи предвид дека веќе ја воведе програмата „Серија“ која им овозможува на креаторите да креираат колекции на клипови за оние следбеници кои сакаат да платат за нив.