„Тесла“ ги намали цените – повторно


Компанијата „Тесла“ е позната по својата политика на намалување на цените за да остане конкурентна на пазарот, а оваа практика продолжи.

Овој потег веројатно е дел од стратегијата на Tesla да ја зголеми продажбата кон крајот на годината. Цените се намалени во САД и Канада, покривајќи ги Model 3, Model Y, Model S и Model X.

Се чини дека најголемата заштеда во однос на цената е направена кога станува збор за Model 3, каде што некои модели чинат и до 3.700 долари помалку. Можеби една од причините за тоа е што наскоро ќе пристигне „освежениот“ Model 3.

Попустите на Model Y се исто така околу 3.000 долари, додека Model S до 5.000 долари. Сепак, овие попусти се ограничени на модели кои имаат значително „искуство“ кога станува збор за километражата.

Ќе биде интересно да се види дали оваа стратегија на Tesla ќе и даде уште поголема предност во однос на конкуренцијата на долг рок – засега добро им оди, бидејќи се борат за титулата најпродаван автомобил во Европа оваа година.