Тешко повредени во дискотеката во Кочани ќе се носат во врвни болници во европски земји

Во моментов се организира транспорт на неколку тешко повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, во неколку врвни болници во европски земји, информира ЦУК.
– Има пониди за помош од повеќе држави. Се вршат подготовки за транспорт на тешко повредените лица во врвни болници од оваа област во неколку европски држави – велат од Центарот за управување со кризи.
Додаваат дека во овој момент има доволно крв и нема потреба од дополнителни крводарителски акции за повредените во страотната несреќа во Кочани.
-Воедно ги имаме сите неопходни материјални средства и немаме потреба од било какви донации – додаваат од ЦУК.