Тешка сообраќајка синоќа кај Штип – повредените ги извлекувале пожарникари
Три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа на регионалниот пат село Караорман – Штип.
Од СВР Штип информираа дека на терен биле полициски службеници, каде бил направен увид на местото на несреќата.
За да интервенираат во извлекување на повредените од возилото биле повикани и пожарникари, кои подоцна биле пренесени во штипската Клиничка болница за укажување лекарска помош.
Од СВР-Штип најавија повеќе детали за денес.