Тенисерката Наоми Осака стана глобален амбасадор на „Луј Витон“
Франција- Наоми Осака се приклучува на тимот на Луј Витон како глобален амбасадор на луксузниот бренд.
Екстремно влијателната тениска ѕвезда, ќе дебитира во оваа улога во модната кампања Пролет / Лето 2021 година, со фотографија заедно со креативниот директор на женски колекции на брендот- Николас Гескиер.
„Настрана тенисот, мојата најценета страст е модата; и нема бренд кој е полегендарен од Луј Витон“, рече Наоми во изјавата. „Чест ми е да работам со Никола – тој е дизајнер на кој многу му се восхитувам и споделуваме заедничка љубов кон јапонската култура и стил. Да станам глобален амбасадор на брендоте навистина остварување на сонот“.
Осака потсети на приказната поврзана со ЛВ од нејзиното детство.
„Смешна приказна: Првпат и купив на мајка ми чанта Луј Витон кога имав 15 години како подарок за роденден“, рече таа. “И тоа е некако традиција оттогаш. Дали ова го нарекувам момент на целосен круг? Да”.
Гескиер Никола ја пофали Наоми како „исклучителна жена“ која ја претставува цела генерација и стои како „пример за сите“.
„Восхитен сум од Наоми“, рече тој. „Таа останува верна на себе и не прави компромиси за своите вредности“.
Наоми претходно беше ангажирана и за новата колекција на Најк. Таа се појави и со Маркус Рашфорд, Кевин Дурент, Сабрина Јонеску и многу повеќе во рекламата на Најк „You Can’t Be Stopped” на крајот на годината.