Телата на жртвите ќе бидат пренесени во Скопје в четврток, вели Османи
Министерот за надворешни работи Бујар Османи извести дека по остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија Сарафов, одговорен за трагедијата од 23 ноември, ја информира јавноста дека е донесена одлука за пренос на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември.
Според Османи, владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови.
„Останувам во блиска комуникација со семејствата за останатите детали а јавноста ќе биде информирана навремено истотака“ вели Османи.