Телата на трите члена на семејството Пацоли пронајдени во извлечениот автомобил од Лепенец
Косовското семејство настрада поради невнимателно претекнување на автомобил со скопски таблички. Несреќата ја преживеа постариот син Шкељзим
Стравувањеата на спасувачите, за жал, се обистинија. Во извлечениот автомобил „бмв“ од најдојдениот Лепенец крај Скопје се најдени три беживотни тела на косовското семејство Пацоли – таткото Наим, мајката Мерита и синот Ермал (16). Во трагедијата единствено преживеа другиот син, 21-годишниот Шкељзим.
МВР официјално потврди дека се најдени телата на тројцата исчезнати во Лепенец
„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица ‘Тигар’ во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје – Блаце. Пронајдено е и возилото ‘бмв’, во кое тие се превезувале. Како што веќе претходно информиравме, по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото ‘фолксваген туран’ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување“.
Вчера попладне во автомобилот со косовски таблички таблици удрил „фолксваген туран“ со скопски таблички по што „бмв-то“ паднало во Лепенец. Според информациите од обвинителството, до неа дошло откако скопјанецот со „фолкскваген туран“ тргнал да претекнува колона од возила од Скопје кон Блаце.
„Во моментот кога стигнал паралелно до автомобилот ‘бмв’ со косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворицата патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец“, велат од обвинителството.