Принцезата Шарлин по гласините за развод одржа емотивен говор за принцот Алберт

Монте Карло – Принцезата Шарлин од Монако одржа говор на балот посветен на 20-годишнината откако принцот Албер се искачи на престолот на Монако.
На добротворниот настан во Монте Карло, т.е. на 76-от годишен Бал на Црвениот крст во Монако, принцезата одржа страстен говор во чест на својот сопруг, овозможувајќи ретка прилика за поглед во нивниот брак. Обраќајќи се пред публиката, имено, Шарлин ја нагласи својата поддршка за принцот и јасно стави до знаење дека „стои крај него“, отфрлајќи ги претходните гласини за криза во нивниот брак.

– Албер, те сакаме и те поддржуваме. Ти благодариме што си тука за сите нас. Ти благодариме што ја водеше оваа институција изминатите 40 години и затоа што неуморно работеше за развој и подобрување на нејзиниот углед. Пред 20 години, ти го презеде Кнежевството и од тој ден го водеше Монако со мудрост, храброст и решителност, рече „најтажната принцеза на светот“, како што е позната поради својата меланхолија.

Во својот говор, таа го пофали присуството на својот сопруг на меѓународната политичка сцена, неговата посветеност на животната средина, нарекувајќи го „сила за фундаментални вредности чија желба за единство и спокојство“ го води во целото негово владеење.
– Знаеш дека секогаш сум со тебе. Ние стоиме со тебе, со сето срце, за да го заштитиме Монако и неговата иднина под твое водство, рече Шарлин.
Принцот Албер беше официјално крунисан во јули 2005 година, по смртта на неговиот татко, принцот Рение Трети.
Двојката е в брак од 2011 година, а бидејќи беше снимена во солзи додека ја напушташе свадбената церемонија, многумина ја прогласија за „најтажната невеста на светот“, пишувајќи дека планирала да избега пред свадбата, но дека обезбедувањето ја спречило. И неодамна, како повеќепати претходно, Шарлин повторно предизвика гласини дека се разведува од принцот Албер, откако беше фотографирана без венчалниот прстен.