Таравари слави: Народот во Гостивар ги победи бандите во гостиварско
Кандидатот за градоначалник на Гостивар од коалицијата Алијанса/Алтернатива, Арбен Таравари истакна дека победуваат со 3.000 гласови разлика.
„Со 55 отсто од гласовите од изброени 100 отсто од записниците поминавме во прв круг. Се надевам дека ДУИ нема во ОИК да направи ујдурма. Инаку победуваме со 3000 гласови разлика, иако целиот државен апарат беше во Гоствар со автомобили, закани, купување гласови, но народот е најсилен и тој одлучува. Им честитам на граѓаните кои излегоа и ги казнија каматашите, мафијашите. Овој пат народот во Гостивар ги победи бандите во гостиварско“, порача Таравари.
Алијанса за Албанците и Алтернатива исто така прогласија победа во две општини Гостивар и Дебар. Оттаму соопштија дека нивните кандиати влегуваат во втор круг во пет оштини и се чекаат резултатите од Тетово со очекување дека тие ќе истрчаат во втор круг.