Таравари ја претстави платформата преку спортска активност во општина Врапчиште


Фото: Б. Грданоски

Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН Арбен Таравари денеска на иницијатива на Форумот на млади на ВЛЕН во огранокот на Врапчиште, преку спортски активности, возење велосипеди, ја претстави претседателската платформа во оваа општина.

„Денеска продолжуваме со кампањата со малку поинаква активност. На иницијатива на Форумот на млади ВЛЕН во огранокот Врапчиште организиравме спортска активност, со велосипеди. Ќе се движиме низ некои патеки кои се интересни и многу пријатни во овој регион. Верувам дека ќе се сретнеме со други луѓе, ќе разговараме и ќе ја расплетуваме нашата програма. Пред се ќе разговараме со младите за нивните проблеми, маки и предизвици. Така, денес во кампања сме со малку поинаков начин од другите денови“. – се потенцира во изјавата на Арбен Таравари.