Тамара Тодевска е позитивна на Ковид-19
Поп-ѕвездата Тамара Тодевска преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави дека е позитивна на коронавирусот.
Таа претходно пишуваше дека има симптоми на Ковид 19 и дека чека резултати, за подоцна да објави и дека вирусот ѝ е детектиран.
„Ајде нека е честито“, напиша Тамара.

-Ќе има време и за нови песни, и за нови дружби, и за нови концерти. Здравјето во овој момент е најважно. Што се однесува до комуникација со публиката, живееме во дигитален свет, а тој ни овозможува полесна комуникација со сите. Јас сум во константна комуникација со моите фанови преку друштвените мрежи, изјави лани Тамара во интервју за „Независен“ во јуни кога наполни 35 години и за роденденот ги почести фановите со англиската верзија на новата песна „Слобода“.
Кризата со вирусот ѝ овозможи и малку подетално да работи на третиот албум, микс на на македонски, англиски и српски песни.