Тамара со прв концерт на Антички : Охрид, уживав


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска синоќа одржа концерт за паметење под отворено небо во охридскиот Антички театар и си го оствари детскиот сон.

-Го сакам ова место, од дете сонувам да пеам овде“, откри Тамара на почетокот.

Уникатниот простор, Тодевска со емоциите и енергијата го искористи најдобро што може, приредувајќи незаборавна забава за публиката. Музичкиот настан кој нејзините бројни обожаватели го очекуваа со нетрпение, несомнено го обележа летото.

Македонската поп дива блесна во најдобро светло досега, носејќи две златни креации на Игор Марков кои совршено ја истакнаа нејзината убавина и уникатен сенс.

 

„Охрид, уживав“, напиша пејачката во описот на својот инстаграм-профил покрај фотографиите и видеото од синоќешниот концерт.

А дека приредила концерт од светски размер, зборат и бројните коментари под нејзината објава.

„Ние уживавме љубави, каков жур ни сплете, не си свесна“, напиша нејзината горда сестра Тијана Дапчевиќ која го следела концертот од првите редови. Меѓу публиката биле забележани моделката Катарина Ивановска, добра другарка на Тамара и нејзиниот дечко, кошаркарот Перо Антиќ.

Концертот во Античкиот театар Хераклеа е закажан за в недела, на 1 август, од 21.30 часот.