„Тајм“: Зеленски ја смени историјата
Многу Украинци денеска на социјалните мрежи ја споделуваат насловната страница на новиот број на списанието Тајм, на која се наоѓа цитат од претседателот Володимир Зеленски врз боите на украинското знаме.
Над насловот „Володимир Зеленски и хероите на Украина“, насловната страница ги содржи зборовите, на украински јазик, што ги кажа Зеленски во својот говор пред парламентот на ЕУ во вторникот: „Животот ќе победи над смртта, а светлината ќе победи над темнината“.
Насловната сторија на американскиот магазин, исто така, објавува дека Зеленски ја изменил историјата со тоа што избрал да остане во главниот град Киев кога започнала инвазијата што, пак, ги поттикнало САД и сојузниците да преземат сериозна акција против Русија.