Тајланд постигна договор со Иран за безбеден премин низ Ормускиот Теснец
Тајланд соопшти дека постигнал договор со Иран кој ќе овозможи неговите нафтени танкери непречено да минуваат низ Ормуската Теснина, која е под блокада на Техеран.ж
– Постигнат е договор кој ќе овозможи безбеден премин на тајландските танкери, со што ќе се намалат грижите за снабдувањето со гориво – изјави тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул.
Земјите од Југоисточна Азија го носат најголемиот товар од недостигот на енергенси, а во Тајланд цената на дизелот веќе порасна за 6 бати по литар, предизвикувајќи долги редици на бензинските станици.
Блокадата на Техеран доаѓа како одговор на американско-израелската кампања која трае точно еден месец. Иранската револуционерна гарда потврди дека протокот е затворен за бродови поврзани со „непријателот“.
Движењето низ овој стратешки премин, низ кој вообичаено минува 20% од светската нафта, е намалено за 95% во текот на март. Од почетокот на месецот, во овој регион биле нападнати 24 трговски бродови.