Осум лица се повредени во сообраќајки во Скопје


Осум лица се полесно повредени во три од вкупно 11 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Еден возач поминал на црвено светло и двајца пешаци не ја поминале улицата …

Осум лица се повредени во сообраќајки во Скопје Read More »

(ВИДЕО) Карамбол кај „Александар палас“ поради голомразица


Голомразица утрово предизвика застој на сообраќајот на мостот преку реката Вардар кај хотелот „Александар палас“. На видеото се гледа дека неколку возила се судриле при што некои дури излетале од патот во близина на хотелот „Александар палас“. Иако утрово температурата во Скопје изнесуваше само неколку степени под нулата, тоа беше доволно на некои места во …

(ВИДЕО) Карамбол кај „Александар палас“ поради голомразица Read More »

Скопје е екстремно загадено, Лисиче се загуши


Воздухот во Скопје и во двата дена од новата година е загаден. Највисоките вредности на ПМ10 честичките се измерени во Лисиче – 629 микрограми на метар кубен. Новата година почнала со вредности од 152 во Центар, 221 кај Ректорат, 241 во Гази Баба, 245 во Карпош до 473 микрограми на метар кубен во Лисиче. Во …

Скопје е екстремно загадено, Лисиче се загуши Read More »

Женско е првото бебе во Скопје


Првото бебе родено во 2018 година во Скопје е женско, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи. Бебето е родено една минута по полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје. Станува збор за второ дете на Борјана Радевска од Скопје. Бебето е тешко  три килограми и  70 грама  и долго 49 сантиметри.

(ФОТО) Дедо Мраз со еко автомобил пристигна на плоштад „Македонија“


На плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје денеска напладне со еко автомобил пристигна Дедо Мраз и на најмладите ја пренесе пораката дека мораме да ја чуваме планетата, да се грижиме за екологијата и дека секој од нас може и мора да продонесе за почиста животна средина. На преполниот плоштад пред најмладите Дедо Мраз и дружината …

(ФОТО) Дедо Мраз со еко автомобил пристигна на плоштад „Македонија“ Read More »

Папандреу: Ако го тргнеме спорот со името, Скопје е природен сојузник на Атина


За потребата да се најде решение на спорот со името, како доказ во пракса дека постои волја од македонска страна, говори поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу, во интервјуто за грчкиот весник „Етнос“. Како што вели, се чини дека актуелната македонска Влада, сфатила дека иредентизмот води кон ќор сокак и коментира дека ако се тргне …

Папандреу: Ако го тргнеме спорот со името, Скопје е природен сојузник на Атина Read More »

Новогодишен базар и претстави за деца на Плоштадот Македонија


Во рамки на новогодишната програма во главниот град до 31 декември граѓаните можат да го посетат новогодишниот базар на Плоштадот Македонија, а на Улицата на радоста се одржуваат детска претстава и новогодипна музичка парада со Дедо Мраз и кралиците. Детската претстава „Дедо Мраз во пензија“ се одржува од 13:00 и 18:00 часот, додека Новогодишната музичка …

Новогодишен базар и претстави за деца на Плоштадот Македонија Read More »

„Real news“: Ципрас очекува конкретни чекори од Скопје


Чекори кон заемно прифатлив договор, промена на името на аеродромот во Скопје, отстранување на спомениците што алудираат на иредентизам, јавна изјава за прифаќање на сложено име за севкупна употреба, се барањата од официјална Атина до Македонија за да се затвори спорот со името, според грчкиот весник „Real news“. Искусниот новинар во неговиот текст, како што …

„Real news“: Ципрас очекува конкретни чекори од Скопје Read More »

Центар го стопира спроведувањето на 31 ДУП-биле носени сред ноќ


Советот на општина Центар донесе одлука за запирање на спроведување на 31 Детален урбанистички план за подрачјето на општината. Оваа одлука, како што е наведено во соопштението од општина Центар, е донесена на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ и ќе трае два месеци. – Урбанистичко планската документација за овие ДУП-ови не е во согласност со …

Центар го стопира спроведувањето на 31 ДУП-биле носени сред ноќ Read More »

Затвореник почина на Клиниката за токсикологија во Скопје


Битолчанецот Д.Б. (39) кој издржувал затворска казна во КПУ „Идризово“ ноќеска починал во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, каде бил донесен откако му се слошило додека бил во неговата ќелија. Тој со возило на Итната медицинска помош од затворот во Идризово бил пренесен на Клиниката за токсикологија во Скопје, каде кусо време по пристигнувањето …

Затвореник почина на Клиниката за токсикологија во Скопје Read More »

Скопје се разбуди во магла и загаден воздух


Воздухот во последното деноноќие во Скопје најзагаден бил во Лисиче и кај Ректоратот. Мерните станици регистрирале највисоки концентрации во Лисиче во 21 часот од 577 микрограми на метар кубен, а кај Ректорат се регистрирани 532 микрограми во 22 часот. Според мерењата на станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање највисоките концентрации во Лисиче …

Скопје се разбуди во магла и загаден воздух Read More »

Исчезнати се три малолетни девојчиња од Чаир


Три малолетни девојчиња од скопската населба Чаир се водат за ислчезнати. Две од нив се сестри на возраст од 15 и 11 години, а третото девојче е пријавено како засебен случај и има 15 годни. Како што информира полицијата, утрово во 06:17 часот во Полициска станица Чаир, Д.С.(38) од Скопје пријавил дека вчера околу 19:00 …

Исчезнати се три малолетни девојчиња од Чаир Read More »

Шилегов: Нема палење огнови за овој Бадник


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска присуствуваше на традиционалното собирање бадникови гранчиња, кое се одржа во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно. Оваа прослава традиционално се одржува по 26-ти пат и е во организација на Здружението за традиционална прослава на Бадник. На собирот градоначалникот ги повика граѓаните на Скопје да се воздржат …

Шилегов: Нема палење огнови за овој Бадник Read More »

Хојт Ји: Во 2018 година постои можност Скопје и Атина да го решат спорот за името


Атина и Скопје имаат одлична можност да го решат прашањето за името во 2018 година. Лидерството и добрата волја од владите на двете земји се охрабрувачки, истакна Брајан Хојт Ји, заменик помошник државен секретар на САД во интервју за грчката новинска агенција АНА – МПА. – Лидерството и добрата волја што неодамна ги изразија двете …

Хојт Ји: Во 2018 година постои можност Скопје и Атина да го решат спорот за името Read More »

Маж злоставувал 12-годишно девојче во Скопје


Непознат маж од Скопје во неколку наврати во неговиот стан извршил полов напад врз 12-годишно девојче. Мајката на девојчето синоќа во полиција пријавила дека во периодот од 10 до 21 декември додека нејзината ќерка одела и се враќала од училиште, непознатиот во повеќе наврати го викал девојчето во неговиот стан и го допирал по телото. …

Маж злоставувал 12-годишно девојче во Скопје Read More »

Со 380 милиони евра може да се намали аерозагадувањето во Скопје


Околу 380 милиони евра или дневно по 50 денари ќе треба да одвојуваат скопјани и Градот Скопје за да се намали загадувањето на воздухот до 2025 година, сметаат експертите кои денеска присуствуваа на презентација на истражувањата и мерките на трибината во Штип што ја организираше заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. – …

Со 380 милиони евра може да се намали аерозагадувањето во Скопје Read More »

Неколку идеи за решавање на проблемот со аерозагадувањето


Да се набават електрични автобуси и да се реорганизира јавниот превоз, да се воведе тарифа за луксуз при регистрација на второ возило, да се забрани употребата на јаглен за затоплување на домаќинствата, да се засилат контролите на погоните за преработка на пластика и работилниците што горат отпадни масла. Итно да се почне со гасификација на …

Неколку идеи за решавање на проблемот со аерозагадувањето Read More »

Две лица се потешко повредени во сообраќајки во Скопје


Две лица биле потешко повредени во една од вкупно 43 сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 22 незгоди биле полесно повредени 29 лица, а во 20 била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Деведесет и седум возачи се …

Две лица се потешко повредени во сообраќајки во Скопје Read More »

Повредени две малолетнички по удар од автомобил во Скопје


Синоќа во 22.20 часот на ул. „Филип Втори Македонски“ патничко возило „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.З. (36) од Скопје, удрило во две 15-годишни девојчиња од Скопје. Во незгодата, со повреди се здобиле двете девојчиња кои со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска …

Повредени две малолетнички по удар од автомобил во Скопје Read More »

Десетгодишно дете искасано од кучиња


Десетгодишно дете вчера попладне било искасано од две кучиња на улица „Волгоградска“ во Скопје. Во Полициската станица Карпош синоќа во 20:30 часот Т.С. (50) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17:20 часот, од страна на две кучиња бил каснат неговиот 10- годишен син, при што му биле нанесени видливи повреди – расекотини на двете …

Десетгодишно дете искасано од кучиња Read More »