Пожар во стан во Карпош, нема повредени


Во стан на приземје од зграда на ул. „Пелистерка“ во Карпош, во близина на ТЦ Сити мол, околу 14,30 часот  избувна пожар во кој е оштетена една соба, а настанало поголемо зачадување.

„Пожарот е изгаснат и причинета е само материјална штета. Нема повредени“, изјави Ѕвонко Томевски, командант на Територијалната противпожарната единица на Град Скопје.

Во акцијата е интервенирано со седум возила и 15 пожарникари. Противпожарните екипи навреме стигнале на местото и евакуирале една неподвижна жена во стан од погорните катови.